Биди и ти дел од нашиот тим! Вработи се во М3ДС

Updated: Dec 2, 2019

М3ДС академијата има потреба од инструктори за учебната академска 2018/2019 година. Заинтересираните ќе имаат шанса да работат како едукатори на помали групи студенти, на кои ќе го пренесат нивното знаење. Воедно ќе имаат можност да се надоградат од нашите специјалисти, дополнувајќи го своето знаење и да станат дел од нашиот професионален тим.

Што бараме од вас?

Да сте коректни, да знаете да работите во тимови, да сте мотивирани и да имате добри комуникациски и педагошки вештини, како и квалификувани знаења за дел од следните програми и области :

  1. Autodesk Maya

  2. zBrush

  3. Substance Painter

  4. Arnold

  5. Nuke

  6. 2D Animation

Што може да очекувате од нас?

Нашата корпоративна култура и практика ќе ви овозможи лесно да станете дел од нашиот тим, прескокнувајќи ги традиционалните хиерархиски норми на фунционирање. При вашето вредно работење и посветеност ќе ви се пружат можности и за свој личен развој и надоградба на оваа ИТ област, како и секој ваш дополнителен труд би бил соодветно награден.


 
Заинтересираните кандидати потребно е да ја пополнат формата на следниот ЛИНК и да пратат CV на m3dsanimaton@gmail.com 

0