М3ДС Академијата одржа 3Д работилница во СУГС,,Браќа Миладиновци"

Денес, на 24 Декември 2021, во средното училиште СУГС,,Браќа Миладиновци", тимот од М3ДС Академијата за визуелни уметности одржа работилница за 3Д моделирање и 3Д печатење.
 

 
На работилницата учениците научија повеќе околу компјутерските програми потребни за 3Д печатење, преку кои можат да ги моделираат нивните креации на правилен начин.
 
Понатамошно беше детално објаснет процесот за 3Д печатење и како да направат точна компјутерска подготовка на 3Д моделите за правилно печатење на 3Д печатач.
 

 
Дискутиравме секако и за различните типови на 3Д печатачи, материјали за 3Д печатење, како и можноста за рециклирање за да бидеме еколошки свесни. Секако беше прикажана и примената на оваа технологија за 3Д печатење, и во архитектурата, машинството, медицината, стоматологијата и многу повеќе,

Повеќе од интересната атмосфера низ фотографии можете да погледнете во продолжение:

2