Уписите за обуките за 3Д и гејм дизајн во М3ДС Академијата се во тек.
Доколку отсекогаш сте сонувале да креирате карактери или ваша сопствена игра и сте подготвени да го вложите сиот труд за да ја постигнете вашата цел, а истовремено барате шанса да го реализирате вашиот креативен потенцијал, тогаш М3ДС е вистинската одлука за вас. Нудиме повеќе видови на студии, а вие самите изберете кој од понудените би бил најсоодветен и во кој најмногу би се пронашле.
Ги нудиме следниве студии:



За подетални информации можете да ја погледнете нашата ОНЛАЈН БРОШУРА.
Аплицирајте тука уписите се во тек : https://docs.google.com/forms/d/1fcJbLKPJLAjT3l8HE-W1S_kPWHVIk8C5mTNa-kJyehI
ЗОШТО М3ДС ?
Нудиме поддршка и грижа за студентите не само на часовите, туку и 24/7, особено за новите студенти кои имаат потешкотии со зададените домашни задачи, заради нивното почетно знаење во 3Д-то.
М3ДС академијата обезбедува работна станица за секој студент, со што ќе имаат пристапност до современа компјутерска опрема.
3Д принтери – со што студентите имаат на располагање да ги користат нашите 3Д принтери за да ги испринтаат своите модели, дури и да ги искористат за нивниот финален проект.
Motion Capture – од оваа година можеме гордо да истакнеме дека нашата академија поседува и motion capture сензори. Нив ги импрементиравме во нашата академска година, со што студентите ќе можат повеќе да се обучат на полето за анимација.
За напредните студенти, нашата поддршка се состои од тоа да им помагаме со нивните лични проекти во академијата, но и надвор од неа, бидејќи со самата наша помош тие ќе успеат да го завршат проектот со највисок квалитет и би имале поголем успех.
Доколку некој од студентите не присуствувале на некој од регуларните часови, нашите инструктори и ментори имаат одговорност да му надокнадат на студентот да остане во тек со целата група, и да успее да продолжи тимски да се координира.