
Дарко Митев е дел од CG индустријата во последните 11 години. Во моментов живее и работи во Даблин Ирска, како главен карактер артист во Brown Bag Films. Тој ја започнал својата кариера во светот на VFX, во компанија наречена FX3X, во Македонија, и оттогаш има работено на многу проекти за разни различни компании и полиња од индустријата, како што се филмска анимација, ТВ-шоу анимација, реклами и синематици за игри.
Вклучете се на стримот на М3ДС Академијата, сабота (09 Мај 2020) во 21:00 часот на следниот линк www.twitch.tv/m3ds_academy
Во оваа презентација Дарко ќе нè воведе низ целиот процес на создавање на едно од неговите најнови уметнички дела наречено the Experiment . Тој ќе зборува за концептирање, моделирање, текстурирање, осветлување, рендерирање и компонирање на последната снимка.
Следете го говорот од светски конференции и слободно прашувајте прашања кон гостинот, на четот на TWITCH. #СедетеДома и следете ја едукативната #M3Conference со светските врвни експерти онлајн!