top of page

Дониран 3Д печатач во СУГС ,,Раде Јовчевски - Корчагин" од страна на М3ДС Академијата


М3ДС Академијата продолжува со својата мисија за поттикнување на развојот на 3Д индустријата, па затоа дониравме 3Д печатач во скопската гимназија ,,Раде Јовчевски - Корчагин". Со ова револуционерната 3Д технологија ја правиме многу подостапна за младите, што дополнително го поттикнува развојот на оваа област.


На 25 Ноември 2021, во рамките на училиштето беше организирана и повеќечасовна работилница за заинтересираните ученици.

Заради големиот интерес, се одвиваа две работилници истовремено, во двата кабинети по информатика, за подобра организација, достапност на учениците, но и почитувањето на мерките за заштита на здравјето. Менторите Флорина Џингова, Никола Коцевски, Симон Зафировски и Марио Стојанов, обучија над 70 средношколци, при што ја опфатија тематиката на 3Д моделирање и 3Д печатење, како и правилна работа на 3Д печатач.


Учениците од СУГС,,Раде Јовчевски- Корчагин” прашуваа и се интересираа повеќе кон примената на оваа 3Д технологија во практичната работа, како и во различните сфери. Тргнувајќи од тоа се разви мошне интересна дискусија.


Учениците веќе ги изјаснија нивните идеи за кои ќе го искористат 3Д печатачот, а ние се надеваме дека меѓу нив ќе има и некој следен успешен 3Д артист.

Во продолжение низ фотографии погледнете дел од атмосферата на овие работилници.



Recent Posts

See All
bottom of page