
Ви го преставуваме Душко Аврамовски, 27, од Скопје, дипломиран студент на Универзитетот Американ Колеџ, како и дипломиран студент во М3ДС академијата.
Во слободно време обожава да снима, режира, креира и едитира видеа, а сам стекнал и големо искуство и познавање на програмите од Adobe пакетот – Premiere Pro и After Effects.
До интерес за 3Д областа дошол сосема случајно откако на ТВ бил заинтересиран од прилог за натпреварот кој М3ДС Академијата го организираше ,,Откриј го 3Д Артистот во себе”.
Поседувајќи интерес и љубопитност кон оваа област, тој се придружил на првите бесплатни часови во Академијата, за кои смета дека биле мошне едукативни и забавни, а Душко бил нестрплив да научи нешто повеќе.
Како успешен М3ДС студент, без никакви предзнаења од 3Д областа, а со голема желба за учење, сето она знаење кое го стекнал, како и проектите на кои се работеше во првите 6 месеци од студиската програма, му овозможиле нова цел и кариера кон која се стреми.
,,Програмот е толку интересен, има толку многу работи кои можат да се направат во него и толку многу тајни што секојдневно учам нови работи.” вели Душко.
Како најуспешен студент се истакнал со тоа што се што работел правел со пасија, но бил и смел да направи некои чекори поразлично, и своеволно ги истражувал програмите.
,,Најпрвин сакам да се заблагодарам за комплиментите бидејќи добро знам колку квалитетни студенти има М3ДС и да се биде дел од таа група е големо задоволство! Би сакал да ги охрабрам идните студенти да испробуваат и истражуваат различни техники на покомплицирани модели кои бараат посебен и поинаков начин на размислување и пристап што доведува до поефикасна реализација и секако да се најдат добри ментори!”
Душко неговата пасија кон снимање и едитирање видео материјали како и фотографија, сега ја надополни и со нови знаења од 3Д областа.
Со стекнатото знаење за моделирање, рендерирање, текстурирање и анимација, следната цел е изучување на FX ефекти, анимации на некоја филмска сцена, како и добро портфолио за почеток на неговата нова кариера.