Замислувавме Cyberpunk иднина на одржаниот CG Workshop




Главната тема на оваа работилница и конференција претставуваше Imagining a Cyberpunk future, односно 3Д создавање на футуристички модели, кои би биле комбинација од секојдневниот живот со high tech и научни достигнувања.


Еден од најуспешните concept артисти кај нас – Никола Ангелкоски – Ниџо, кој работејќи како freelancer, со секојдневна надградба и самообучување, стана успешен и на светско ниво, а неговата квалитетна работа беше промовирана и на многу CG портали. Дел од неговите изработки можете да погледнете на неговит веб сајт https://nikolaangelkoski92.wixsite.com/nikola-conceptart . Тој го презентираше процесот на изработка на concept art за синематици, започнувајќи од иницијалната идеја во стартната sketch фаза, па се’ до финалната реализација користејќи паралелно 2Д и 3Д методи. Презентацијата ја реализираше во софтверските програми Photoshop Sketchup и Daz3d, објаснувајќи го чекор по чекор целокупниот процес.

Како спикер се вклучи и Дарко Митев - Senior Character Modeler којшто е вработен Brown Bag Films во Даблин, Ирска, чии дела неодамна беа објавени на 3DTotal : https://goo.gl/GSZFK1 , а многу повеќе за неговата импресивна работа можете да погледнете на неговиот вебсајт: http://darkomitev.com. Од негова страна, тој успеа да ги воведе присутните во неговиот workflow и процесот на дизајн, споделувајќи интересни трикови и професионални совети во текот на работењето, а прикажа и дел од неговиот неодамнешен cyberpunk проект. Софтверот го користеше е Maya, ZBrush, UvLayout, Photoshop, Substance Painter, Redshift и Nuke, со кои зборуваше повеќе за 3Д концептот, моделирање high резолуција за продукција, sculpt, текстурирање, светла и рендер settings за Redshift , matpaint во Photoshop и comp во Nuke.


Особена благодарност изразуваме кон Универзитетот ФОН за подршка на настанот и негова реализација, како и на невладината организација Inovum, а секако и на спонзорот XP-Pen.

M3DS Academy

FOR 3D AND GAME DESIGN

Address  Ljubljanska 5, Skopje 1000

Tel: +38977820335

Email: m3dsanimation@gmail.com

  • White Facebook Icon
  • White Instagram Icon
  • 16-512
  • White YouTube Icon
GET IN TOUCH

Copyright M3DS Academy 2018 | All Rights Reserved