
М3ДС Ви ги отвора вратите кон филмската и гејминг индустријата и ви нуди шанса да остварите вашиот сон за креирање на имагинарни карактери, или пак ваша сопствена игра.
М3ДС Академијата е академски партнер со Autodesk Training Center, а сертификатите кои се издаваат по успешно реализиран курс се меѓународно признаени и лиценцирани директно од Autodesk.
М3ДС е партнер со Epic Games, а има остварено соработки со многу останати светски студија како Pixar, DreamWorks, Sony Picture ImageWorks, Lucasfilms, Hugo’s Desk, Nordeus, 3lateral, Lynx Animations, Cylindo и многу други.
М3ДС Академијата е организатор на M3Conference конференција за компјутерска графика и анимација, на која го носиме дел од врвот од светските компании во Македонија, а за студентите обебедивме едукативни предавања од нивна страна.
Редовно одржуваме отворени предавања на нашиот канал на twitch.tv/m3ds_academy каде студентите можат во живо да поставуваат прашања кон странските едукатори.
Започнете ја вашата кариера во фантастичниот свет на 3Д графиката, дизајнот и анимацијата преку АКАДЕМСКАТА ГОДИНА во М3ДС
🔺 ниво: напредно ниво на тежина
✔ времетраење: 12 месеци, ( 05 Април 2021 - 05 Април 2022)
🕐 фонд на часови: над 450 часови
🔍 предавања: 3 пати седмично
👨 интернационално сертифицирани инструктори
🎓 сертификација: меѓународен сертификат од Autodesk
💻 не е потребно предзнаење.
Финалната изработка која што ќе ја изработи студентот, има право да ја искористи како почеток на неговото лично портфолио за понатамошна работа. Термини за настава (во зависност од групата во која ќе членува студентот):
11:00 - 14:00 / 18:00 - 21:00
На студентите им следува дополнителна настава за пропуштен час, еднаш во тековната недела, со претходен договор со инструкторите.
Ве молиме да ја пополните Google формата за да го евидентираме вашиот интерес на следниот линк: https://forms.gle/vnHmXorXa2UsRjV37
По пополнувањето, ќе бидете телефонски исконтактирани за слободните места, почетокот на наставната програма, придобивките, како и условите кои ги нудиме за курсот за кој сте заинтересирани.
Цената на Академската година изнесува 2.590 евра, со можност на плаќање на 24 рати, при што износот на една месечна рата изнесува 6,636 денари.
Што нуди М3ДС? :
Нудиме поддршка и грижа за студентите не само на часовите, туку и 24/7, особено за новите студенти кои имаат потешкотии со зададените домашни задачи, заради нивното почетно знаење во 3Д-то.
М3ДС академијата обезбедува работна станица за секој студент, со што ќе имаат пристапност до современа компјутерска опрема.
3Д принтери – со што студентите имаат на располагање да ги користат нашите 3Д принтери за да ги испринтаат своите модели, дури и да ги искористат за нивниот финален проект.
Motion Capture suit - кој е импрементиран во нашата академска година, со што студентите ќе можат повеќе да се обучат на полето за анимација.
За напредните студенти, нашата поддршка се состои од тоа да им помагаме со нивните лични проекти во академијата, но и надвор од неа, бидејќи со самата наша помош тие ќе успеат да го завршат проектот со највисок квалитет и би имале поголем успех.
Доколку некој од студентите не присуствувале на некој од регуларните часови, нашите инструктори и ментори имаат одговорност да му надокнадат на студентот да остане во тек со целата група, и да успее да продолжи тимски да се координира.
Во вонредната состојба, со која се соочивме, немавме никаков застој во наставата, со што предвидените часови продожија да се одвиваат онлајн, без никаков прекин.
За повеќе информации Ве молиме обратете ни се на info@m3dsacademy.com или телефонски на +38975445680 или +38977820335