Иван и Александар наградени со професионални XP-Pen таблети!

М3ДС академијата во соработка со XP-Pen Македонија, награди двајца од своите студенти со нови XP-Pen Star 03 Pro графички таблети.

Иван Стаменовски и Александар Вангелов заслужно ги добија овие таблети, за својата посветеност и големата ангажираност при одржувањето на настанот ИТ Новум 2018.


ИТ Новум настаните, организирани од невладината организација Inovum, беа одржани во Мај оваа година и имаа за цел подигање на свеста за развојот на информатичките науки во Македонија. Беа одржани 3 посебни видови настани и тоа Game Design How to?, Rethink-Креативниот Маратон како и Game Day-от. Нашите студенти вложија голем труд, а ние во соработка со XP-Pen Macedonia, уште еднаш докажавме дека сечиј труд се цени и вреди да биде награден.


Се надеваме дека овие графички таблети значително ќе им ја подобрат нивната досегашна работа при нивните студии и ќе им служат како дополнителен мотив за секој нивен иден професионален ангажман на 3Д полето.


0 comments