
Доколку сакате да ја започнете вашата кариера во фантастичниот свет на 3Д графиката, дизајнот и анимацијата, Intermediate курсот за 3Д е вашиот вистински избор.
Реализирајте го вашиот креативен потенцијал и научете како се создаваат карактери, околини, или пак ваша сопствена игра.
Во оваа обука се изучуваат најбараните програми во 3Д индустријата. Низ процесот студентите ги изучуваат принципите на 3Д моделирање на објекти, работа со правилна геометрија за соодветната намена, основи на анимација, напредно 3Д моделирање, а подоцна и креирање текстури, креирање сцени и кратка видео игра.
По успешно завршената обука, студентот се стекнува со меѓународно признаен сертификат, издаден од Autodesk USA, бидејќи М3ДС Академијата важи за лиценциран Autodesk Training центар.
🔺 ниво: средно ниво на тежина
✔ времетраење: 4 месеци, ( 24 Август 2020 - 11 Декември 2020)
🕐 фонд на часови: 80 часови
👨 интернационално сертифицирани инструктори
🎓 сертификација: меѓународен сертификат од Autodesk
💻 не е потребно предзнаење
❗ ДОСТАПНО СО ВАУЧЕРИТЕ ЗА ДИГИТАЛНИ ВЕШТИНИ
Финалната изработка која што ќе ја изработи студентот, има право да ја искористи како почеток на неговото лично портфолио за понатамошна работа.
Термини за настава (во зависност од групата во која ќе членува студентот): 13:00 - 15:30 / 16:00 - 18:30 / 19:00 - 21:30
На студентите им следува дополнителна настава за пропуштен час, еднаш во тековната недела, со претходен договор со инструкторите.

Наставната програма според предвидените наставни часови опфаќа:
3Д моделирање и анимација во AUTODESK MAYA
напредно 3Д моделирање во ZBRUSH
основи на 3Д ПЕЧАТЕЊЕ
комбинирање на повеќе програми за професионален pipeline
работа во UNREAL ENGINE 4
Цената на Intermediate курсот за 3Д изнесува вкупно 60,000 денари, со можност за плаќање на рати и со можност на искористување на ваучер.
Наставата ќе се одвива онлајн.
Младите лица од 18-29 години кои имаат право на ваучерите за дигитални вештини од Владата на Р.С. Македонија, можат да ги искористат за оваа обука.
Ве молиме да ја пополните Google формата за да го евидентираме вашиот интерес на следниот линк: https://forms.gle/fX1xx17VZUzy78Xa8
За повеќе информации Ве молиме обратете ни се на info@m3dsacademy.com или телефонски на +38975445680 или +38977820335