top of page

Како помина работилницата за 3Д моделирање и печатење наменета за средношколци


Изминатата сабота (13 Ноември 2021) во амфитеатарот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), се одржа Работилница за 3Д моделирање и 3Д печатење, наменета за средношколци. 15 мотивирани и љубопитни лица ги научија основите на 3Д моделирањето и 3Д печатењето, и имаа можност практично да ракуваат со 3Д печатач. Предавач на работилницата беше истакнатиот водечки инструктор Флорина Џингова, од М3ДС Академијата, а секако при предавањето своите знаења ги споделија и проф. Д-р. Бобан Јоксимоски, како и останатите инструктори и 3Д генералисти од М3ДС, Никола Коцевски и Антонио Димишков. Во текот на работилницата, присутните научија нешто повеќе околу 3Д моделирањето во програмите Autodesk Maya и ZBrush, како и правилната подготовка на 3Д принт во соодветен софтвер за добивање на точните димензии, според одреден тип на 3Д печатач. Се запознавме и со какви видови на 3Д печатачи постојат, со какви материјали можеме да печатиме, а дискутиравме и за широката примена на оваа технологија во најразличните индустриски, медицински но и останати области.

Проектот „Работилница за 3Д моделирање и 3Д печатење“ е поддржан и финансиран од страна на Град Скопје, а партнери во неговото реализирање се Академијата за визуелни уметности М3ДС и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Во продолжение можете да погледнете дел од фотографиите од целиот настан:



Recent Posts

See All

Σχόλια


bottom of page