top of page

Креирање на идеални концепти во 3 чекори



Го добивте совршениот цртеж со сите детали пред вас. Ви требаа месеци за да го направите. И вие сте задоволни од тоа каков е финалниот резултат...


Но, тоа за жал не е concept art. Concept art се користи за да им помогне на тимовите да ги решат проблемите со дизајнирање визуелни решенија.

Концепт артистите ја немаат целата слобода да прават што сакаат, тие имаат многу ограничувања. Запомнете дека не сте тука за да истражувате, тука сте да решавате проблеми.



1. PROJECT PREP (Подготвување на проектот)


Пред сè, треба да го разберете проблемот и да најдете начин како да го решите. Пред да започнете со цртање, поставете ограничувања. Нешто како цртање за third-person perspective ќе биде различно од цртање за first-person perspective.


Следно, истражувајте. Најдете референци за дизајнот за да создадете таканаречен mood board. Ако креирате shooter игра, играјте други shooter игри за да ја добиете идејата и да земете многу референци од нив, ако креирате игра во шума, соберете еден куп референци за шуми, или уште подобро одете посетете една.

Mood board помага да се заврши многу работа без всушност да се работи многу. Тие се корисни за да се види дали одите и размислувате во правилната насока.

Ако mood board-от е премногу општ, ќе биде тешко да се остане фокусиран и може да биде збунувачки кога ќе го цртате концептот.



2. GENERATING IDEAS (генерирање идеи)


Може да биде тешко да започнете со цртање веднаш штом ја направите подготовката. Креативноста не се појавува кога вие сакате.

Најдобриот начин е да цртате за идеја. Тоа значи да цртате sketchy, брзо, лабаво, експериментирајте, и цртајте многу за да не се изгубите во деталите. Затоа многу концепт артисти обично цртаат во два тона.



Цртањето брзо и многу може да доведе до премногу идеи и ова е фазата кога почнуваме да елиминираме некои од нив. Една техника се нарекува ,,затворање врати". Направете широк пристап кон првата идеја правејќи ги сите концепти различни. Потоа, кога тимот ќе избере идеја, вие ја проширувате таа идеја и цртате повеќе видови од идејата и пак тимот бира најдобрата и така ја стеснувате секој пат.



3. NAVIGATE FEEDBACK (навигирање повратни информации)


За да не се изгубите уште повеќе во идеите, треба да поставите конкретни прашања. Луѓето можат да имаат различни мислења за работите, така што поставувањето на вистинското прашање е многу важно. Ако поставувате прашања како „Кое најмногу ви се допаѓа?“, може да завршите со многу различни мислења.


Но, ако прашате нешто како „Кое е најслатко? (карактер од цртежите на пример)“ може да биде многу полесно да се одлучи.



Исто така, немојте да откривате премногу. Прашајте рано и често за да можете да ги фатите грешките што е можно поскоро за да можете да ги промените кога се подготвува, а не кога е завршено.


Кога ги презентирате вашите идеи и концепти, направете го тоа со амбиција и страст за да звучат возбудливо и привлечно. Грижете се за вашата работа. Ако кажете нешто како „Значи, ова е концепт што го направив. Тоа е тип во нормална облека и бела коса.“ не звучи толку добро како „Го направив овој cool убиец на чудовишта со два долги меча, едниот е за луѓе, а другиот е за чудовишта, убава бела коса, тој има магии и знае многу за убивање чудовишта и како да ги убие многу добро“.




Да повториме што научивме денес.

  • прво пред да цртате знајте кој проблем го решавате, поставете ги вашите ограничувања и истражувајте.

  • цртајте брзо и лабаво, имајте многу идеи и почнете од широко размислување, кое ќе го конкретизирате

  • кога добивате повратни информации, поставувајте конкретни прашања и грижете се за вашата работа.


bottom of page