top of page

Кристи Грујевски – сите во М3ДС функционираме како едно семејство


Кристи Грујевски, моментално студент на електротехничкиот факултет за мултимедија во Љубљана, Словенија, дипломиран студент во М3ДС Академијата за 3Д и гејм дизајн, како и страствен љубител на автомобили, кој работи како 3Д моделер за приватни компании во САД

 

Размислувајќи подолго време да се запише на 3Д курс, истражувајќи околу понудените опции и неколкуте разговори, Кристи се решил да се запише токму на Академската година во М3ДС. Воедно, и негов близок другар кој веќе го посетувал курсот бил мошне задоволен од самата атмосфера, велејќи ,,Супер е,многу подобро е од што очекував и најважно сите таму функционираме како едно семејство” .


Заинтересираноста кон 3Д сферата била поттикната од неговата пасија и љубов спрема автомобилите. Токму со помош на 3Д моделирањето, Кристи бил убеден дека ќе може да ги оствари своите желби и имагинации и да експериментира со дизајнот на автомобилите. 


,,Од секогаш сум се интересирал околу автомобилите,тие секогаш имале посебно место за мене и често сум наоѓал по нешто што не ми се допаѓа во нивниот дизајн и сум си викал “еј ова ако би било вака направено би било подобро“ па сум сакал да го променам но не сум имал можност и начин како да го направам тоа. Па бев одлучен дека мора да се запишам на 3Д да ги реализирам моите замислувања.” 


Како средношколец во скопската гимназија ,,Никола Карев”, одржувањето на одличен просек и паралелното посетување на курсот во М3ДС претставувало предизвик за него. Сепак, максималната посветеност, пасијата и вложениот труд, му помогнале да го постигне потребниот баланс, и ефикасно да се справи со сите зададени обврски и редовно да е присутен на сите часови во академијата, градејќи го патот на својот успех.

,,Најомилен дел од студиите ми беше 72-часовниот интерен GameJam каде работевме 72 часа со само неколку часови спиење и за толку краток период, благодарение на тимската работа успеавме да изработиме многу и доста квалитетни модели.”

 

,,Презадоволен сум од тоа што успеав да го научам благодарение на M3DS и од тоа што таму навистина сите функционираат како едно едно големо семејство и сите си помагааат едни со други. Исто така многу сум задоволен во однос на тоа што можев да дојдам во било кое време и да добијам компјутер и таблет на кои можам да вежбам.” вели Кристи.  

модел изработен од Кристи Грујевски

 

Во текот на неговите студии во Љубљана, планира да се задржи на изработката на Freelance проекти, бидејки истите му овозможуваат флексибилно работно време, како и добра заработка. Всушност, моментално работи на freelance проект, конкретно на изработка на 15 автомобили, што му претставува задоволство, бидејќи тоа и онака му била одамнешна желба.

За во иднина Кристи вели дека не размислувал конкретно, ќе види понатаму каде ќе го однесе неговата посветеност и напорна работа во 3Д светот, но како и да е во најмала рака опцијата за работа како freelancer максимално ќе ја искористи.


На сите кои веке студираат или планираат да студираат во М3ДС, Кристи им препорачува да ги посетуваат сите предавања и да вежбаат што повеќе, бидејќи со што повеќе вежбање, се учи многу повеќе и се станува се подобар.


На крајот секој вложен труд се исплати. 

bottom of page