
Светски познатиот натпревар за текстурирање ,,Meet Mat" е предизвик за сите професионалци, но и почетници, чија цел е да креираат интересна текстура на официјалната играчка - маскота Мат од Allegorithmic. Инспирирани од нив, ние се одлучивме да ги предизвикаме нашите студенти од Академската година во М3ДС Академијата, на кои им беше даден рок од 10 дена за да најдат креативна идеја, и истата да ја претстават во најдобро светло, текстурирајќи го човечето Мат.
Воодушевени сме од разновидноста на идеите и инспирацијата која тие ја наоѓале дури и во секојдневни работи. Натпреварувачите, иако се сѐ уште студенти на Академската година во М3ДС , го искористија широкиот спектар на материјални можности на програмата Substance Painter на паметен и креативен начин. Разгледувајќи ги моделите како дел од студентска категорија, според соодветни критериуми, мораме да посочиме дека изработките беа импресивни и достигнаа професионално ниво.
Студентите од М3ДС имаа доловено најразлични теми како научно-фантастика, готика, уметност, автомобилизам, хорор, спорт и многу останати, користејќи ги алатките за текстурирање и изборот на бесплатни материјали од Substance Painter. Од нив беа избрани тројца кои најдобро одговорија на овој предизвик, за кои имаме подготвено и вредни награди, односно оригинална книга Meet MAT: The Art Book of the 3D Painting, како и официјалната маскота Meet MAT играчка која може понатамошно рачно да се обои.
Победници на MEET MAT предизвикот во М3ДС Академијата се: 🏆Прво место - Андреј Гиноски 🏆Второ место - Катерина Колчаковска и Милијан Поповски 🏆Трето место (people's choice) - Наталија Стоимилова
Упатуваме огромен поздрав до сите учесници на натпреварот кои успеаа да ги претстават нивните креации на најдобар начин. Целосната галерија од изработките можете да ја погледнете на нашата Фејсбук страница на следниот линк.
Победнички изработки на студентите
Останати изработки на студентите од Академската година во М3ДС