top of page

Младиот Димитар од Битола изработи краток филм во Unreal Engine 4


Младиот Димитар Бежановски од Битола, направи краток ,,sci-fi” филм во Unreal Engine 4.

 

Филмот е изработен преку метод на ,,real time rendering”, односно генерирање на компјутерска графика во реално време, што е еден од најновите принципи за изработка на филмови и видео игри, кој полека но сигурно го заменува класичниот начин на ,,pre-rendering”.


Димитар беше дел од 3Д работилниците за 3Д моделирање, анимација и 3Д принтање, кои М3ДС Академијата за 3Д и гејм дизајн ги одржа на почетокот на оваа година. Предавањата беа наменети за средношколците, а нашиот тим инструктори ги одржаа во средното техничко училиште ,,Ѓорѓи Наумов”, во Битола, за време на викендите. Преку нивното одржување учениците се здобија со основни знаења за 3Д светот.


Исто така, Димитар со своите соученици, беше дел и од ИТ Новум 2018, настан организиран од невладината организација Аиновум, како и со нашата стручна соработка. На овој настан сите учесници беа обучени во програмите Maya и Unreal Engine 4, а за оние кои веќе имаа предзнаења, истите им беа продлабочени. Ние сме горди што сме поттик на многумина од учесниците да се насочат кон оваа стручна ИТ област.

Во изработениот филм се работи за мисијата на војници и нивната борба со заштитниците на кристалот кој ги заштитува околните територии од напади. По завршената борба еден од војниците успева да го уништи кристалот, а со тоа и самиот себе. 


Целокупното видео можете да го погледнете во продолжение. Браво Димитар!


Recent Posts

See All
bottom of page