top of page

М3ДС Академијата ги изработи статуетките за хуманитарците од САНО



Хуманитарната организација САНО, кои се посветени на својата работа и подготвени секогаш да помогнат на децата во болница, на 21 Декември 2021 во Македонската Филхармонија ја прославија хуманоста и филантропијата. Најдобрите другари на децата во болница беа свечено одликувани со наградата која ја додели ова здружение, "Пријател на децата во болница".

Во знак на поддршка, М3ДС Академијата за визуелни уметности ги изработи статуетките кои беа доделени на добитниците, со помош на технологијата на 3Д печатење. Наградите свечено беа доделени на:

  • Д-р Венко Филипче

  • г-дин Сашо Чатлески

  • Д-р Билјана Чонеска Јованова

  • г-дин Седат Казими

  • Медицинските сестри од хемато-онколошкиот оддел

  • учениците од Гимназијата "Орце Николов"

  • г-дин Михаел Северинац

..како и останатите волонтери кои се херои за овие деца.

М3ДС Академијата им честита на добитниците и ја поздравува хуманата мисија на САНО да работиме за децата и да пружаме помош на оние на кои им е најпотребна.







Recent Posts

See All

Comentarios


bottom of page