
М3ДС Академијата како општествено одговорна компанија активно се залага за поттикнување на развојот на 3Д индустријата во нашата држава, но и имаме цел да ја направиме оваа револуционерна 3Д технологија многу подостапна за младите.
Од тие причини, М3ДС Академијата подари 3Д печатач во скопската гимназија ,,Орце Николов", како мотив за понатамошна работа и унапредување на информатиката и 3Д технологијата помеѓу младите генерации.
За да ги насочиме учениците, но и професорите за правилно ракување со 3Д печатачот, на 24 Ноември 2021, организиравме и повеќечасовна работилница во просториите на училиштето. На оваа работилница нашите ментори Флорина Џингова, Никола Коцевски и Марио Стојанов, ги обучија триесетината заинтересирани ученици како да ги подготвуваат нивните 3Д модели и како правилно да ги испечатат на 3Д печатачот.
Се изучија најкористените програми за 3Д моделирање во оваа индустрија, а исто така и поразговаравме и за различните типови на 3Д печатачи, материјали за 3Д печатење, како и можноста за рециклирање за да бидеме еколошки свесни.
Дискутиравме и за нивните интересни идеи, како и широката примена на технологијата за 3Д печатење, и во архитектурата, машинството, медицината, стоматологијата и многу повеќе,
Се надеваме дека во иднина можеби токму овие ученици ќе се насочат кон едукативно усовршување кон оваа област.
Во продолжение погледнете ја нашата галерија од атмосферата на работилницата.