top of page

М3ДС Академијата како дел од Mini Maker Faire 2021



Maker Faire е собир на креативни и љубопитни лица, кои уживаат во учењето и во споделувањето на нивното знаење и креации.

 

Битолскиот Mini Maker Faire, заедно со Скопје Mini Maker Faire оваа година ги здружија силите за да придонесат во глобалното движење на креаторите, пронаоѓачите, творците, уметниците, научниците и технолошките ентузијасти. Целта на овој настан беше да ги охрабрат сите лица, се' повеќе да креираат и истражуваат и да ја следат својата пасија.

Овој хибриден (онлајн и во живо) еднодневен настан се одржа во среда, 22 септември 2021 година. М3ДС Академијата се вклучи во живо од Американското Катче во Скопје, каде нашиот главен инструктор Флорина Џингова и инструкторот Никола Коцевски, презентираа изработка на 3Д беџ со логото на Mini Maker Faire во соодветните компјутерски 3Д софтвери. Подоцна овој беџ беше изработен и на 3Д печатач при што беше презентиран процесот на 3Д печатење на присутните учесници, но и на онлајн учесниците кои го следеа настанот преку Zoom платформата, или на live-streamot на youtube. Тие кои сакаат да го погледнат настанот можат да го проследат на следниот линк.

Настанот беше одличен за сите млади лица и учесници, а нашиот тим се дружеше во Американското Катче во Скопје и со учениците од интернационалното училиште ,,Максимилијан". До следен пат со многу повеќе иновативни креации!



bottom of page