top of page

М3ДС Академијата одржа 3Д работилница во СУГС,,Браќа Миладиновци"



Денес, на 24 Декември 2021, во средното училиште СУГС,,Браќа Миладиновци", тимот од М3ДС Академијата за визуелни уметности одржа работилница за 3Д моделирање и 3Д печатење. На работилницата учениците научија повеќе околу компјутерските програми потребни за 3Д печатење, преку кои можат да ги моделираат нивните креации на правилен начин. Понатамошно беше детално објаснет процесот за 3Д печатење и како да направат точна компјутерска подготовка на 3Д моделите за правилно печатење на 3Д печатач. Дискутиравме секако и за различните типови на 3Д печатачи, материјали за 3Д печатење, како и можноста за рециклирање за да бидеме еколошки свесни. Секако беше прикажана и примената на оваа технологија за 3Д печатење, и во архитектурата, машинството, медицината, стоматологијата и многу повеќе,


Повеќе од интересната атмосфера низ фотографии можете да погледнете во продолжение:


Recent Posts

See All

Comentarios


bottom of page