
М3ДС зема учество на овој Mini Maker Faire каде во своето катче ги промовиравме изработките на нашите студенти, објаснувавме за 3Д процесот, работењето на 3Д принтер, како и неговата примена.
Посетителите на нашиот штанд имаа можност самите да работат со 3Д пенкало и да си изработат приверзок по своја желба и креација, со што го побудивме нивниот љубопитен дух токму за оваа сфера. Инаку ова е првиот Mini Maker Faire кој се одржува во Скопје.
Каква беше забавната атмосфера, можете да погледнете од фотографиите во прилог.





