top of page

М3ДС дел од Работилницата: Креативност и технологија

Изминатиот викенд на 07 Декември 2019, се одржа Работилница за 3Д печатење, роботика и изработка на 3Д форми во новата flagship Телеком продавница, на плоштадот Македонија.

 

На работилниците се дружевме и се забавуваме со многу дечиња, кои изработуваа 3Д форми со 3Д пенкала. Меѓусебниот спој од технологијата и креативноста пружија уникатно искуство и радост кај најмалечките, кои самите успеваа рачно да изработат 3Д очила, 3Д пеперутки, 3Д велосипед, како и привезоци и форми по желба. Со тоа пруживме интересна можност за збогатување на знаењето во областа на ИТ технологиите.

Исто така во живо се печатеа покомплексни форми и привезоци на два 3Д принтери, а сите се восхитуваа и на веќе направените изработки од нашите студенти, кои беа изложени на работилницата. На најмилите им ги подаривме нивните изработки, како и дополнителни Магента и М3ДС привезоци, кои беа 3Д испечатени.

Ни беше особена чест што преку учеството на ваквата работилница претставуваме причина за радост на многу детски лица.


bottom of page