
Како дел од модулот Редефинирај ја својата реалност, на овогодинешното издание на Скопје Креатива, М3ДС зема учество со соодветна работилница во склоп на предвидената тематика – спојување на креативноста со технологијата, интернет-технологијата и активизмот.
На 2-ри Јуни 2019, во големата сала на Кино Култура зазема место работилницата за 3Д моделирање и 3Д печатење, која имаше за цел подигнување на нивото на едукацијата кај младите, како и збогатување на нивното знаење во областа на ИТ технологиите. Воедно се поттикна љубопитноста кај младите за 3Д моделирањето, анимацијата и нивниот удел во креирањето филмови и видео игри, кои се растечки ИТ струки. Учесниците во работилниците научија како од идеја да дојдат до готов реален 3Д модел (производ), кој е потребниот процес за да се финализира, како и негова изработка на современ 3Д печатач со соодветни материјали. Беше претставено како ваквиот тип 3Д модели наоѓаат примена во реални проекти, игри и филмови, а и како 3Д технологијата се повеќе се вклучува и во други индустриски гранки.
Фотографиите од настанот можете да ги погледнете во продолжение:




