Најновите изуми од виртуелната реалност и видеоигрите на дигиталната изложба PlayUK во МКЦ


Изминатите неколку дена, почнувајќи од 2ри Ноември, во Скопје се одржа дигиталната интерактивна изложба ,,PlayUK Arcadia 2018″.

Во организација на Британскиот совет, во Младинскиот културен центар (МКЦ) посетителите имаа можност да ги видат и пробаат најновите видеоигри, меѓу кои се вбројаа и неколку истакнати игри од македонскиот пазар, како и најголемите достигнувања во полето на виртуелната реалност и АР инсталации.


Меѓу другото, се вбројаа и неколкуте одржани работилници на различни теми од областа, а исто така за првпат надвор од Обединетото Кралство беше претставена интерактивната инсталација ,,Дневната соба на иднината”, дело на BBC, ,,ФАКТ”, неколку британски универзитети, и на Илија Тирицковски.

МЗДС Академијата за 3Д и гејм дизајн активно се вклучи во организацијата на настанот и ја поддржува идејата на Британскиот Совет за претставување и промовирање на креативните индустрии во Македонија, воспоставувањето на меѓусебните врски и остварувањето на соработки помеѓу експертите од двете земји.


M3DS Academy

FOR 3D AND GAME DESIGN

Address  Ljubljanska 5, Skopje 1000

Tel: +38977820335

Email: m3dsanimation@gmail.com

  • White Facebook Icon
  • White Instagram Icon
  • 16-512
  • White YouTube Icon
GET IN TOUCH

Copyright M3DS Academy 2018 | All Rights Reserved