
Изминатата седмица, на 26 Ноември 2021, тимот на М3ДС Академијата одржа работилница за 3Д моделирање и 3Д печатење во СЕТУГС,,Михајло Пупин".
На оваа 3Д работилница заинтересираните ученици научија како да ги измоделираат нивните креации на правилен начин, но и како да направат точна компјутерска подготовка на 3Д моделите за правилно печатење на 3Д печатач. Ги демонстриравме најкористените програми за 3Д моделирање, но и програмите за подготовка на 3Д принтовите во точни димензии. Ова споделено знаење е од особено значење за учениците, бидејќи тие добија и нов 3Д печатач како подарок од М3ДС Академијата, за нивно понатамошно усовршување во оваа област.
Дискутиравме и за различните типови 3Д печатачи и материјали за печатење, но и разговаравме и за нивните интересни идеи и широката примена на оваа технологија.
Со овој чин, М3ДС Академијата ја продолжува својата мисија за поттикнување на развојот на 3Д индустријата.
Повеќе фотографии од работилницата можете да погледнете во прилог.