
Беа изложени повеќе од 20 најдобро изработени модели, околини и карактери на студентите, кои љубителите на 3Д моделирањето, како и сите останати посетители, беа во можност да ги погледнат во галеријата над бифето Фросина.
Освен нив, беа истакнати и преку 50тина испринтани 3Д модели, а меѓу нив се најде и токму најголемиот 3Д принт во Македонија во висина од нешто повеќе од 110cm, изработен од Петар Котевски. 3Д принтерот беше ставен во функција на принтање на следниот модел, за присутните да можат да посведочат на самиот процес на изработка на модел од ваков сличен калибар.
Во чест на успешно завршената академска година се одржа и свечено доделување на сертификатите од AUTODESK на сите положени студенти, како и дипломи за положена прва година од двегодишниот курс на најмладите.
За најдобар студент на оваа академска година беше прогласен студентот кој ја измисли 4-тата смена, даде се’ од себе и максимално се посвети за својот личен напредок, за да си го оствари сонот – Марко Лазов. Како награда за ваквиот успех му беше доделен Xp-Pen Star 03 таблет, но Марко во име на другарството и колегијалноста, истиот му го подари на Андреј Смилчевски, студентот кој е најзаслужен за сите 3Д испринтани модели и кој даде голема лична жртва во тек на нивната изработка.
Тимот на М3ДС јавно се заблагодарува на големиот број посетители кои одвоија дел од своето време и ја поддржаа оваа изложба и се гордееме на успехот на нашите студенти, бидејќи тие се нашето портфолио.
Повеќе фотографии од настанот може да погледнете на следниот линк.
