top of page

Одржана 3Д работилница во ССОУ ,,Коле Неделковски" во Велес


На 13 Декември 2021 во средното стручно училиште ,,Коле Неделковски" во Велес, тимот од М3ДС Академијата за визуелни уметности одржа работилница за 3Д моделирање и 3Д печатење. Заради големиот интерес од страна на љубопитните средношколци, работилницата се одржуваше истовремено во три училници. На работилницата учениците научија како да ги моделираат нивните креации на правилен начин и како да направат точна компјутерска подготовка на 3Д моделите за правилно печатење на 3Д печатач. Менторите ги демонстрираа најкористените програми за 3Д моделирање и подготовка на 3Д принтовите во точни димензии. Ова споделено знаење е од особено значење за учениците, бидејќи со новиот 3Д печатач со кој располагаат во училиштето ќе се овозможи заокружување на процесот на учење по предметите кои ја обработуваат проблематиката за 3Д моделирање.

Упатуваме благодарност до професорката Христина Трајкова која успешно ги организираше учениците од паралелките 2-1, 2-2 и 3-1 клас, а мило ни беше што на работилниците се вклучија и професорите Марина Костадиновска Филипова, Валентин Елисковски, Наталија Ашиковска, Горан Бузалковски и Сашо Ѓоргов

Повеќе од интересната атмосфера низ фотографии можете да погледнете во продолжение:



Recent Posts

See All
bottom of page