Одржани првите iT Novum работилници

iNovum во соработка со M3DS академијата за 3D и Game Design, изминатата сабота на 17.02.2018 година започнаа со одржување на 3D работилниците под името iT Novum.


На овие работилници учествуваа ученици од СОТУ„Ѓорѓи Наумов “ од Битола како и учениците од СОУ„Наум Наумовски Борче“ од Крушево. Целта на овие работилници е да се едуцираат и меѓународно да се сертифицираат повеќе од 400 млади луѓе во областа на 3Д моделирање, анимација и 3Д печатење.


Овие работилници ќе продолжат да се одржуваат и во наредниот период каде ќе бидат опфатени и други технички училишта во Македонија. После нивното завршување ќе следи меѓу училишен натпревар каде најдоброто училиште ќе освои 3Д принтер.


#m3ds #ITnovum #workshops #3dmaya #iNovum #3d

0 comments