
На Денот на Општина Тетово, 3 март, на свечена седница, групата ученици кои беа победници на натпреварот за креирање на видео игри ,,Game Design How To? 2021" , организиран од М3ДС Академијата, добија признание за придонес во развојот и афирмацијата на градот. Учениците од тетовската гимназија ,,Кирил Пејчиновиќ", настапуваа под името Тим Phaze, во конкуренција од над 80 тимови и 600+ пријавени лица. Тие ја освоија ,,People's Choice" наградата, а од страна на М3ДС Академијата им беше доделен 3Д печатач, како и материјали за 3Д печатење.

Тимот составен од Филип Бојаровски, Димитар Ефремовски, Петар Симовски, Стефан Узунов и Ана Марија Тофиловска, овој 3Д печатач го донираа во своето средно училиште за заеднички понатамошно да ги споделуваат знаењата стекнати во 3Д областа.
Тимот на М3ДС Академијата срдечно им честита за добиеното признание им им посакува уште безброј успеси!

Во продолжение погледнете ги телевизиските прилози за нивниот успех, како и нивната прва изработена видео игра.