top of page

Победници на Game Design How To? 2021


Измина шестото издание на едукативниот настан Game Design How To? 2021, кое овојпат за прв пат се одржа онлајн на платформата Discord.

 

Овогодинешното издание на Game Design How To? 2021, не' изненади со големиот интерес, и покрај тоа што главната комуникација со сите учесници се одвиваше онлајн.

Од вкупно пријавените 600+ лица, активно учество земаа над 550 учесници, кои беа организирани во 81 тим, и 104 лица кои учествуваа индивидуално.


Со помош на нивната желба, ентузијазам и креативност, сите учесници успеаа да направат навистина многу креативни видео игри, за само 7 дена, иако 92% од нив немаа никакво искуство во 3Д областа или пак општо знаење во програмите за креирање на видео игри. Би можеле да заклучиме дека навистина им ја отежнаа работата на жири комисијата, која имаше многу изработки за прегледување, како и тежок избор од финалистите.

Игрите беа оценувани според нивната креативност, функционалност и оригиналност.

🥇Прво место на Game Design How To? 2021

🥈Второ место на Game Design How To? 2021

🥉Трето место на Game Design How To? 2021

Тим Will Code For Rakija 🏆Најдобра runner игра / Best runner game

🏆Најдобра индивидална игра / Best individual game

🏆Најдобра shooter игра / The best shooter game

🏆Најмлад учесник на настанот / The youngest participant in the event


Дополнително секој учесник добива на подарок M3DS маичка како и сертификат за учество, а организаторите на настанот Флорина Џингова и Стефан Митров ги изненадија сите на финалето, при што прогласија дека секој учесник ќе добие и стипендија како првото место, како мотивација и награда за нивниот труд што го вложија во изминатите 7 дена.

Во наредните денови ќе се одржи гласањето за PEOPLE CHOICE наградата на Facebook страницата на М3ДС Академијата, кое ќе трае до наредната среда на 10 Ноември 2021. Победникот на PEOPLE'S CHOICE ќе добие награда 3Д печатач ENDER 3 V2, затоа ве молиме да гласате со вашиот like на facebook и да го поддржите вашиот омилен тим или индивидуалец.

Тимот на М3ДС Академијата кои се одговорни за организацијата на овој настан:



Стефан Митров - organizer & основач на M3DS Academy

Флорина Џингова - organizer/ general manager / Lead instructor

Симон Зафировски - Lead instructor for Unreal Engine

Никола Коцевски - Lead instructor for ZBrush

Воислав Николовски - VFX / Simulations

Лео Кралевски - 3D printing

Антонио Димишков - 3D generalist

Антонио Радошевиќ - 3D and 2D Animator



Би сакале да упатиме голем поздрав до сите членови на жири - комисијата, кои одвоија дел од своето време да ги оценат изработките, наслонети на нивното долгогодишно искуство во оваа област, но и сродните области.

Михајло Димитриевски - Тхе Мичо, илустратор

Сашо Лазески - 3D artist

Дарко Ристевски - фриленс илустратор и NFT artist

Мартина Димоска - Masters of Space Studies at International Space University.

Никола Ангелкоски - Lead Matte Painter

Александар Јовановски - Game Developer & Graphic Designer\

Марко Палоски - System Engineer & MLSA Country Lead

Филип Спасеновски - Game Artist

Владо Маркоски - freelance 3D artist Леон Фотевски - Hard Surface 3D Artist

Дарко Митев - Game Developer & Graphic Designer

Филип Коцов - Matchmove Specialist

Гоце Цветановски - Award-winning director & producer

Милан Тасевски - Game Designer и основач на Archona Games

Иван Ивановски - technical production Lead

Горан Коцов - CG Supervisor

Честитки до сите учесници и нестрпливо чекаме да се видиме во наредна прилика на следен креативен и едукативен настан ♥



Recent Posts

See All

留言


bottom of page