
M3DS STORE претставува бренд каде можете да ја најдете најновата технологија од областа на компјутерската графика, 3Д печатењето и компјутерските визуелни уметности.
M3DS STORE е првата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи за 3Д печатење, 3Д печатачи, графички таблети со и без екран, резервни делови, материјали и филаменти за 3Д печатење, книги и едукативна литература за овие области.
На официјалниот вебсајт m3dsstore.com можете да го погледнете целосниот асортиман на производи, за сечии индивидуални потреби, а секако можете да најдете и новости и информации поврзани со овие области.
Се надеваме дека со помош на производите кои ги нудиме, ќе овозможиме лесен пристап до најбараната технологија што ќе ви помогне да ги претворите вашите креативни идеи во реалност, без разлика дали сте инженер,хобист, студент или почетник. Се стремиме кон професионализам на обезбедување најсовремена технологија, а принципот ни е изграден врз одговорноста, да ги цениме гласовите на нашите клиенти, и да интегрираме производи во согласност на вашите желби и потреби.
M3DS STORE е првиот официјален застапник за 3Д печатачи од компанијата Creality во Македонија. Со оваа соработка се нуди широк асортиман на 3Д печатачи со што ја правиме 3Д технологијата достапна и исполнувајќи ги потребите на различни корисници вклучувајќи ги индивидуи, семејства, основни, средни училишта, високи образовни установи, приватни академии, компании, за лична намена, за процес на производство или едукација.
M3DS_STORE е официјален застапник и на Xp-Pen компанија за графички таблети и дигитални пенкала, со интернационална препознатливост, нудејќи ги најновите технологии за графичко цртање, 3Д моделирање, анимирање, концепт-арт и многу повеќе, со одличен квалитет и мошне пристапни цени за купувачите. M3DS_STORE е официјален застапник и на 3D TOTAL креативна и едукативна литература, поврзана со компјутерски визуелни уметности, 2D и 3D уметност, concept-art, скицирање, и секој кој би сакал да се ориентира и да го надградува своето знаење во овие области. Располагаме со стручна литература од истакнати автори одобрени од светски реномирани личности, истакнати во сферата на компјутерската графика и визуелните уметности.
Не се двоумете и посетете го сајтот на M3DS STORE и одберете квалитетен производ за вашите креации!