top of page

Разбудете ја вашата креативна страна и бидете дел од Game Design How To? 2021



Ве покануваме на овогодинешното издание на Game Design How To? едукативниот настан. Време е да ја разбудиме вашата креативна страна.

Доколку имате амбиции да изработувате игри и филмови, искористете го вашето слободно време за да бидете дел од победничкиот тим и да освоите вредни награди!

 

📢 Линк за регистрација: 📢 https://forms.gle/2864SdStU7Z4Ew2g7

 

Предзнаење НЕ Е ПОТРЕБНО, а настанот е БЕСПЛАТЕН.

💻 КАДЕ? - online на платформата Discord ---> https://discord.gg/39HZMzeV КАКО? - Регистрирај се на Google формата погоре, и влези во официјалниот сервер на настанот на Discord 📆 КОГА? - од 25 Октомври до 29 Октомври. Финалето и доделувањето на наградите ќе се одржат на 30 Октомври 2021. (сабота)

💡ЗОШТО? - Секој учесник добива подарок M3DS маичка 🎽 - Секој учесник добива сертификат за учество. - Најдобрите 3 тимови добиваат стипендија за студирање во М3ДС Академијата, во вредност од 🥇Прво место 400.000 ден 🥈Второ место 300.000 ден 🥉Трето место 200.000 ден

Пријавете се и бидете дел од оваа креативна авантура! На настанот ќе се изучува како да ја креирате вашата прва видео игра во програмата Unreal Engine. Ќе се изучат основите на оваа програма, навигација, blueprints, функции базирани на C++.

Исто така ќе се запознаеме и со Quixel Brigde и Epic Marketplace-от, од каде ќе можете да користите готови 3Д модели (пропови) за во вашата видео игра.

Не е потребно никакво предзнаење за програмирање или 3Д моделирање. Потребна е само вашата желба, ентузијазам и креативност!

Едукативните обуки за дизајнирање на видео игри, под назив ,,Game Design How To?" се наменети за млади луѓе, средношколци, студенти, како и сите останати кои се заинтересирани за ова поле. Учесници ќе имаат можност да учествуваат на еден од најголемите настани за Game Design во Македонија, па затоа регистрирајте се и резервирајте го вашето место навреме. Главна цел на настанот е подигање на свеста и развојот на информатичките науки, како и запознавање со гејминг индустријата која станува се поактуелна на нашите простори. Воедно, M3DS Академијата e aкадемски партнер со Unreal Engine и Autodesk Authorized Training Center и е главниот виновник за успешно спроведување на настаните од ваков тип.

Recent Posts

See All
bottom of page