top of page

Студентите од М3ДС Академијата изработија 3Д испечатен VENOM за Cineplexx


М3ДС Академијата во соработка со киното Cineplexx, беше дел од премиерата на долгоочекуваниот филм ,,Веном 2" на 14 Октомври 2021.

На наше огромно задоволство, за да придонесеме кон забавната атмосфера на премиерата во Cineplexx, нашите студенти успеаа да го изработат досега најголемиот 3Д принт од наша страна, главата од главниот лик Веном. Детали за 3Д испечатениот VENOM

  • висина: над 110 cm

  • вкупен број на 3Д испечатени делови: 84 парчиња

  • вкупно килограми материјал: 22kg филамент

  • вкупно време на 3Д печатење: 16 денови и 17 часови

  • време за кое ние го изработивме принтот: 3 дена

  • испечатен на Creality Ender 3 V2 и Creality CR-10S PRO V2


На премиерата го демонстриравме и процесот на 3Д печатење на приверзоци со логото и ликот на Веном и Карниџ, кои беа поделени на посетителите.


Главата на 3Д испечатениот Веном ќе биде изложена пред киното Cineplexx и во наредните денови, така што ве покануваме да ја погледнете, да направите интересни фотографии, и да уживате во новата филмска авантура. Дел од забавната атмосфера погледнете во прилог:






Comments


bottom of page