M3DS Academy

FOR 3D AND GAME DESIGN

Address  Ljubljanska 5, Skopje 1000

Tel: +38977820335

Email: m3dsanimation@gmail.com

  • White Facebook Icon
  • White Twitter Icon
  • White Instagram Icon
  • White YouTube Icon
GET IN TOUCH

Copyright M3DS Academy 2018 | All Rights Reserved

    Студентите од М3ДС ќе патуваат во Израел

    Вчера на 12.03.2018 година се одржа финалето на Биталон, првиот Хакатон во Македонија кој што имаше за цел на иновативен начин, преку користење на информатички алатки, да се раскаже и да се оживее приказната за битолските Евреи преку Еврејските гробишта и Паркот на живите во Битола.


    На Хакатонот учествуваа повеќе од 100 учесници од цела Македонија каде во рок од 48 часа имаа за задача да изработат дигитална платформа за посетителите на Паркот на живите во Битола . Сите учесници  изработиа проекти со голем квалитет од кои дел од нив беа наградени.


    Студентите од М3ДС академијата за 3Д и дизајн на игри Метин Ферати, Матеја Велковиќ, Петар Георгиевски, Бојан Трајкоски и Ѓорѓи Ѓелов со својата уникатна идеја ја освоија главната награда , посета на Израел каде ќе ги посетат високо-технолошките паркови, мултинационалните компании, акцелератори како и културно-историските знаменитости.


    М3ДС се гордее со своите студенти бидејќи земаат учество на вакви настани и се надеваме дека ќе продолжат да учествуваат и на останатите настани од ваков тип.