top of page

Студент на неделата : Кирил Гелов



Ви го претставуваме Кирил Гелов, студент на Академската година во М3ДС Академијата.


Кирил има 20 години и е од Гевгелија, и ја следи Академската година онлајн. Уште пред да се запише во Академијата, тој имал желба и аматерски креирал целосни 3D околини, а бил и многу заинтересиран за изучување на Unreal Engine.


,,Немав никакви пречки на онлајн предавањата. Организацијата беше одлична, инструкторите секогаш ни помагаа, а уште полесно ми беше бидејќи работев од дома на својот компјутер. " - ни истакна Кирил.

Тој го доби признанието Студент на Неделата заради неговиот изработен Alien во програмата ZBrush. Вели дека овој creature го избрал бидејќи е голем фан на хорор и sci-fi филмови, а главната инспирација му била филмот Alien 1979.


Кирил за себе вели дека се пронашол во сите програми низ Академската година, а процесот на учење воопшто не бил тежок, туку напротив многу интересен. Во иднина, тој има желба да работи во познато студио од 3D индустријата.


Ние му посакуваме неговата желба што поскоро да се оствари, а во продолжение погледнете ја неговата одлична креативна изработка.


 

Научете и вие како се креираат овие модели и започнете ја вашата кариера како професионални 3D артисти.


Станете дел од Академската година.


bottom of page