Текстурирање со Substance на M3Conference



Laurens Corijn е technical artist кој има работено на многу видеоигри, вклучувајќи ги на Splash Damage (проект Dirty Bomb) во Лондон и EA Dice во Стокхолм (Mirror's Edge Catalyst). Неговиот фокус е на процедуралните, смарт текови на работа и овозможување на другите уметници да создадат подобра работа на поефикасен начин. Деновиве тој главно работи на обука и едукација за Substance од Adobe.


На M3Conference тој ќе не воведе во тоа како екосистемот на Substance може во голема мерка да насочи конфигурација на материјал и текстурирање за поголеми проекти. Ќе се работи и Substance Designer, Substance Automation tools , како и Substance Painter. Дојдете и придружете се на M3Conference на 20/21/22 Март 2020. Early-bird карти можете да купите на следниот линк. Facebook настанот можете да го најдете тука.

0 comments