top of page

Тимот на М3ДС Академијата го изработи првиот македонски астронаут

Погледнете го официјалното видео :


Во изминатиот период кружеа информации дека постои македонски астронаут по име Марјан Спировски. Астронаутот. како дел од исклучително тајна мисија, во соработка со истакнатите вселенски агенции, беше дел од екипажот на руската ракета АНГАРА 5. Погледнавме видеа од ракетата, на чија платформа беше истакнато македонското знаме, но и снимка од лансирањето на ракетата и нејзината внатрешност во која можевме да го забележиме македонскиот астронаут, кој ни испрати поздрав од вселената.

Дополнително, на улиците во Скопје се појавија возила со ознаките на ЕСА (Европската Вселенска Агенција) и РОСКОСМОС, што донесе посебен удел во целата приказна.


Време е конечно да ја разоткриеме оваа мистерија. За жал, овие вести се неточни. Македонскиот астронаут е измислен лик, кој го изработи тимот на М3ДС Академијата за визуелни уметности. Со програмите на 3D визуелизација, целосно се изработени: ракетата, платформата, околините, внатрешноста на ракетата АНГАРА 5, екипажот, вселенскиот ровер, месечината и се' останато...

Бидете и вие дел од ваков креативен тим, стекнете ги потребните знаења и создадете ја вашата реалност. Учете од врвни професионални и меѓународно сертифицирани инструктори. УПИСИТЕ ВО М3ДС Академијата СЕ ВО ТЕК, а вие можете да изберете еден од следните курсеви:

М3ДС Академијата е официјален авторизиран Autodesk центар за обука, а сертификатите кои ги издава академијата се меѓународно признаени и издадени од страна на Autodesk USA.

М3ДС е партнер со Epic Games и соработува со многу други светски студија, како што се Disney, Substance, Pixar, DreamWorks, Sony Picture ImageWorks, Industrial Light & Magic, Hugo’s Desk, Nordeus, 3lateral, Lynx Animations, Cylindo и многу други. Ве очекуваме!





Recent Posts

See All

Comments


bottom of page