Третиот говорник на M3Conference е Joe Rubino од Microsoft


M3Conference продолжува со онлајн говорниците, а следен на листата е токму Joe Rubino од Microsoft.

На 29 Март 2020 (недела) вклучете се на стримот на М3ДС Академијата, во 17:00 часот на следниот линк www.twitch.tv/m3ds_academy


Joe ќе зборува за тоа како станал раскажувач и осмислувач на приказни, при што ќе вклучи сцени и процеси на креирање на многу познати видео игри како Max Payne 3, Grand Theft Auto V, Red Dead Redemption 2, Assassin's Creed Odyssey и многу повеќе. Исто така ќе го сподели своето искуство и мислење за тековната состојба на storytelling во видео игри.


Следете го говорот од светски конференции и слободно прашувајте прашања кон гостинот, на четот на TWITCH.


#СедетеДома и следете ја едукативната #M3Conference со светските врвни експерти онлајн!


0 comments