top of page

Три години соработка со киното Cineplexx


М3ДС Академијата за визуелни уметности прославува три години соработка со киното Cineplexx.


Со заеднички сили допринесуваме секоја премиера на светските познати филмови и блокбастери да бидат ваше уникатно искуство. За најсреќните посетители секогаш подготвуваме и 3D испечатени подароци, со тематиката од актуелниот филм.


Заради тоа би сакале да погледнеме дел од забавната атмосфера од нашата соработка, во изминатите три години.



CAPTAIN MARVEL 2019


Првата премиера од која што бевме дел е за филмот Captain Marvel, од студиото Марвел. Еден од најмоќните херои на универзумот, вклучена во галактичката војна помеѓу два вида вонземјани. На оваа премиера демонстриравме како се печатат 3D привезоци, а најсреќните преку пат на квиз добија привезок со Captain Marvel, но и привезок кој можеше да ја смени неговата боја, со главните негативци - Skrulls.



AVENGERS : ENDGAME 2019


Avengers: Endgame, спектакуларната кулминација на 22-те меѓусебно поврзани филмови, од студиото Marvel. За посетителите на ова епско филмско патување го подготвивме штитот на херојот Captain America, кој беше 3D испечатен во 64 делови, за кој ни беше потребно време од 138 часови за печатење. Секако, беше приложен и Iron Man Helmet, во реална големина, за кого беа потребни цели 77 часа и 14 посебно испринтани 3Д парчиња. Истовремено, на премиерата во соработка со comics.mk најсреќните посетители успеаа да освојат 3D испечатен привезок со логото на својот омилен Avenger херој.



JOKER 2019


Долгоочекуваната психолошка драма од DC универзумот донесе извонредна атмосфера во фоајето на Cineplexx. Делевме фигури со ликот на Џокерот, а најсреќните посетители пронајдоа добитни ваучери од М3ДС под нивните седишта, во кино салите. А секако, секој можеше да си изработи и мала 3D фигура користејќи 3D пенкало.




VENOM 2 (Let There Be Carnage) 2021

По паузата заради пандемијата од вирусот КОВИД 19, конечно во 2021 можевме да бидеме дел од премиерата на филмот VENOM 2. За ова филмско искуство, го подготвивме досега најголемиот 3D испечатен модел, овојпат со главниот лик Venom. Моделот беше подготвен од страна на нашите студенти, тежеше повеќе од 22 килограми, над 100cm во обем и висина, тој беше изложен во фоајето на киното Синеплекс. Посетителите се фотографираа, а нас ни беше мило што на уникатен начин придонесовме кон атмосферата.




SPIDERMAN : NO WAY HOME 2021


За најновата авантура од Човекот-Пајак, подготвивме голем број 3D испечатени беџови и скулптури, за сите посетители на премиерата. Најсреќните од нив, по пат на случаен избор, добија 3D испечатена скулптура со Спајдермен, откривајќи го среќното плико под нивното седиште во киното. Насмеаните ликови на посетителите беа на наше огромно задоволство.




BATMAN 2021


Спектакуларниот нов Бетмен, борецот против криминалот во Готам, поттикна восхит кај секој фан од овој универзум на DC Comics Studios. За бетмен-фановите имавме голем број 3D испечатени изненадувања, па дури и 3D испечатени калапи за колачиња со логото на Бетмен. Демонстриравме како се 3D печатат скулптури, привезоци со ликовите од познатите филмови, но и како тоа се прави со флексибилен материјал.




MORBIUS 2021


За крај, бевме дел од премиерата на најодолжуваниот филм на Марвел за изминатите неколку години, Морбиус. Скулптурата од главниот лик беше креирана од страна на нашиот инструктор по ZBrush Никола Коцевски, за само 2 дена. Процесот на изработка беше особено интересен, бидејќи за 3D скулптурата од Морбиус, референтните слики беа само 2D илустрации од оригиналните comics книги.

 

Се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме да ви приредуваме забавна и креативна атмосфера. До следната премиера!

Recent Posts

See All
bottom of page