Уписите во М3ДС Академијата за 3Д и гејм дизајн се отворени!

Уписите за обуките за 3Д и гејм дизајн во М3ДС Академијата се во тек. Доколку отсекогаш сте сонувале да креирате карактери или ваша сопствена игра, или пак сакате да станете дел од филмската и гејминг индустријата, а истовремено барате шанса да го реализирате вашиот креативен потенцијал, тогаш М3ДС е вистинската одлука за вас.

М3ДС Академијата за 3Д и гејм дизајн е академски партнер со Autodesk Training Center, а сертификатите кои се издаваат по успешно реализиран курс се меѓународно признаени и лиценцирани директно од Autodesk.

Дополнително, М3ДС е партнер со Epic Games, а има остварено соработки со многу останати светски студија како Pixar, DreamWorks, Sony Picture ImageWorks, Lucasfilms, Hugo’s Desk, Nordeus, 3lateral, Lynx Animations, Cylindo и многу други.

Како дел од одржаната M3Conference конференција за компјутерска графика и анимација, дел од врвот од овие компании успеавме да ги донесеме во Македонија, а истите одржаа едукативни предавања за оваа индустрија.


Ве молиме да ја пополните Google формата за да го евидентираме вашиот интерес на следниот линк:

https://forms.gle/5gM1Q7mc6yxzDMua6

По пополнувањето, ќе бидете телефонски исконтактирани за слободните места, почетокот на наставната програма, придобивките, како и условите кои ги нудиме за курсот за кој сте заинтересирани.



За повеќе информации можете да ја погледнете нашата ОНЛАЈН БРОШУРА.

Ги нудиме следниве студии:

ЗОШТО М3ДС ?

  1. Нудиме поддршка и грижа за студентите не само на часовите, туку и 24/7, особено за новите студенти кои имаат потешкотии со зададените домашни задачи, заради нивното почетно знаење во 3Д-то.

  2. М3ДС академијата обезбедува работна станица за секој студент, со што ќе имаат пристапност до современа компјутерска опрема.

  3. 3Д принтери – со што студентите имаат на располагање да ги користат нашите 3Д принтери за да ги испринтаат своите модели, дури и да ги искористат за нивниот финален проект.

  4. Motion Capture –  од оваа година можеме гордо да истакнеме дека нашата академија поседува и motion capture сензори. Нив ги импрементиравме во нашата академска година, со што студентите ќе можат повеќе да се обучат на полето за анимација.

  5. За напредните студенти, нашата поддршка се состои од тоа да им помагаме со нивните лични проекти во академијата, но и надвор од неа, бидејќи со самата наша помош тие ќе успеат да го завршат проектот со највисок квалитет и би имале поголем успех.

  6. Доколку некој од студентите не присуствувале на некој од регуларните часови, нашите инструктори и ментори имаат одговорност да му надокнадат на студентот да остане во тек со целата група, и да успее да продолжи тимски да се координира.

M3DS Academy

FOR 3D AND GAME DESIGN

Address  Ljubljanska 5, Skopje 1000

Tel: +38977820335

Email: m3dsanimation@gmail.com

  • White Facebook Icon
  • White Instagram Icon
  • 16-512
  • White YouTube Icon
GET IN TOUCH

Copyright M3DS Academy 2018 | All Rights Reserved