
На натпреварот ,,Game Design How To? 2021" под организација на М3ДС Академијата за визуелни уметности, ученици од Тетово ја освоија наградата ,,People's Choice".
Учениците се од средното училиште ,,Кирил Пејчиновиќ" во Тетово, а настапуваа под името Тим Phaze. Со освоената награда добија 3Д печатач, како и филаменти, односно материјали за 3Д печатење.
Тимот составен од Филип Бојаровски, Димитар Ефремовски, Петар Симовски, Стефан Узунов и Ана Марија Тофиловска, решија овој 3Д печатач да го подарат на своето средно училиште за заеднички понатамошно да ги споделуваат знаењата стекнати во 3Д областа.
На натпреварот, како што и самите истакнаа, се стекнаа со квалитетни знаења и практична работа во програмите за 3Д и креирање видео игри, и за само 7 дена ја изработија и нивната прва видео игра.
Тетовската гимназија има навистина талентирани ученици со кои треба да се гордее.
Тимот на М3ДС Академијата беше во посета на училиштето и срдечно го поздравува овој нивен подвиг!
Во продолжение погледнете ја и нивната прва изработена видео игра.