
Изминатата седмица на 18 и 19 Ноември 2021, се одржа Првиот Самит за женско претприемништво, во хотелот,, Александар Палас", каде беше презентирана целосната Програма на овој проект од страна на Националната платформа за женско претприемништво На наше огромно задоволство, нашиот генерален менаџер и водечки инструктор во М3ДС Академијата, Флорина Џингова, ја доби наградата за Најуспешна млада лидерка. Наградата беше врачена од страна на претседателката на Националната платформа за женско претприемништво, Валентина Дисоска. Беа доделени и награди за Најдобра граѓанска огранизација, како и Избор за жена-претприемач на годината, во категориите на микро, мали и средни претпријатија. На првиот ден од одржаниот самит се одржа панел-дискусија за „Меѓународни искуства и успешни приказни во поддршка на женското претприемништво”, а потоа следеше втората панел дискусија со мошне интересна тема ,,Преструктуирање како последици од Ковид 19, и како понатаму “. Претприемачките имаа можност за отворени прашања и добиваа одговори од стручните лица кои активно беа дел од панел дискусиите.
Дополнително, се одржаа и две работилници на темите “Финансиски менаџмент“ и ,,Обезбедување финансии/односи со инвеститори", како и Б2Б средби на кои претприемачките разменуваа искуства, мислења и имаа можност да разменат контакти за понатамошни соработки.
М3ДС Академијата им честита на сите добитнички на награди, и им посакува успех на сите жени претприемачки, но и срдечно ја поздравува оваа идеја на НПЖП, која е клучна за обезбедување на повеќе можности за женското претприемништво кај нас.
Во прилог повеќе фотографии (превземени од facebook)