3Д пост-принтинг процес на стилизиран викинг


Погледнете што се случува зад сцената на одлично изработен 3Д принт

За да се изработи еден 3Д принт, потребно е моделот кој би сакале да се 3Д испечати да измине низ подготовка со процес на моделирање, средување на полигони и геометрија, внимавање на размерот и волуменот на моделот.

Во овие фази се додаваат и детали на моделот, а потоа следува и подготовката за 3Д печатење, каде се одредуваат точните димензии. Доколку станува збор за покомплициран модел, по завршување на 3Д печатењето. тој мора да измине и низ пост-процес на чистење на принтот од support материјали. За посложени принтови, секогаш при самиот процес на 3Д печатење се печатат и дополнителни столбови заедно со главниот принт, кои помагаат за добивање на совршената финална форма. Особено е важно и неопходно нивното поставување на високи делови од 3Д моделот, како и одредени области кои имаат повеќе детали. По 3Д печатењето овие дополнителни столбови (supports) лесно се отстрануваат, по што се добива одличниот финален резултат. Целиот пост-процес го снимивме во timelapse видео. Уживајте:


0 comments