top of page

3Д работилница и подарен 3Д печатач во средното училиште ,,Yahya Kemal" во Скопје


Во средното училиште ,,Yahya Kemal" во Скопје, изминатиот петок на 26 Ноември 2021 тимот на М3ДС Академијата одржа работилница за 3Д моделирање и 3Д печатење.

Дополнително, М3ДС Академијата подари и 3Д печатач, кој учениците ќе можат да го користат и да ги печатат своите 3Д изработки.


Работилницата се одржа во училиштето, а присутните средношколци научија како да моделираат и да ги подготвуваат нивните 3Д принтови за 3Д печатење.


Се отвори дискусија и за различните материјали за 3Д печатење, разните видови на 3Д печатачи, како и нивната примена.


Преку оваа наша постапка и одржаната 3Д работилница го поттикнуваме развојот на 3Д индустријата во регионот, и ги инспирираме и младите понатаму да се насочат кон една област во подем, како што се визуелните индустрии.


Повеќе фотографии од работилницата можете да погледнете во прилог.


bottom of page