
M3DS академијата за 3D и Game Design го организира вториот по ред M3DS Game Jam кој ќе се одржува во просториите на M3DS академијата.
Настанот ќе започне денес , а ќе трае до 23 февруари. Станува збор за 50 часовен маратон каде околу 20 студенти од M3DS ќе изработуваат игра на една тема определена на самиот почеток.
Овој Game Jam претставува тест за студентите на академијата каде ќе можат да го тестираат своето знаење кое го стекнале за време на часовите и да го претворат во игра. Со самото учество во креирањето на играта, во пракса ќе се увиди во што се најдобри студентите, а на што треба да посветат внимание и да се надоградат.
Минатата година M3DS Game Jam се одржуваше во октомври каде 9 студенти во рок од 24 часа имаа индивидуална задача да направат свои модели кои подоцна беа вклопени во видео.
Во продолжение можете да го погледнете видеото од минатогодишниот M3DS Game Jam.