
Тод Сју е ветеран - артист за видео игри, со 16 години искуство, кој придонесува за некои од најнезаборавните и најомилените блокбастери на нашето време.
Во неговата биографија се вклучуваат имиња како „Call of Duty 4: Modern Warfare“ и негово продолжение Modern Warfare 2, Pro Skater: Tony Hawk's Pro: Underground, Titanfall (Lead Environment Artist) и критички признатото продолжение Titanfall 2 (Environment Art Director).
Неодамна Тод беше Art Director за метеорискиот успех на компанијата Respawn Entertainment, играта Apex Legends.

Раните страсти на Тод биле архитектура и видео игри. Неговиот пат во кариерата како уметник за околина (environmental artist) станало јасно кога сфатил дека може да направи околина за игра без ограничувања на физиката и градежните кодови, а во тоа бил поддржан од многу истомисленици.
Како Art Director, Тод ги охрабрува своите артисти да размислуваат како „први развивачи на игри“, барајќи уметност во архитектурата и околината што изгледа одлично, но и што би функционирала додека некој ја игра конкретната видео игра.

Во неговото најавено едукативно предавање, Тод ќе одговори на често поставеното прашање, „Како продолжува компанијата Respawn да прави хитови со својот помал тим“? Фокусот ќе биде на тоа како уметничкиот оддел ја решава оваа загатка. Како и да е, како и за повеќето работи во развојот на играта, тој е испреплетен со поголемата слика за проектот.
Ќе се погледне зад сцената и ќе се дискутира кои фактори ги обликувале Apex Legends и со какви предизвици се соочил уметничкиот тим. Ќе се навлезе во стратегијата на уметничката насока и културата што им помогнале да имаат успешен старт.
Во иднина видео играта Apex Legends се преобликува во live service игра. Нешто што оваа компанија никогаш порано не го сторила. Со тоа ќе се комплетира предавањето како правилно да се прилагодуваат артистите на сите нови предизвици.
