
ИT Новум е едукативен настан кој е наменет за млади од 16 до 30 години, со цел за подигнување на свеста и развој на информатичките науки. Очекуваме огромен број на средношколци, студенти, невработени, млади лица, ентузијасти. Деновите ќе биде исполнети пред се со дружба, обуки од стручни лица, практична настава, презентации од голем број странски фирми, а се ова ќе заврши со еден голем натпревар, вели нашиот соговорник.
Mинатата година M3DS организираше натпреварот “Откриј го 3Д артистот во себе” на кој учествуваа 150 лица, а за годинава, како што вели преку новото име “иТ Новум 2017”, ќе се обиде да го изведе невозможното – да обучи и сертифицира 400 учесници во 3Д.
Овојпат имавме голема поддршка и од Greg Berridge from Sony Picture ImageWorks, кој не исконтактира преку video call и ни честита за успешната и добро спроведената организација.