top of page

Joe Rubino од Microsoft на M3Conference


Џо Рубино е пионер во синематиците на видео игрите во текот на последната деценија. Тој е влијателен на блокбастерските игри од компаниите Rockstar, Ubisoft и Xbox's Turn 10 Studios.


Рубино се фокусира на создавање подлабоки врски со играчите преку потполно раскажување приказни и крвава кинематска иновација, привлекувајќи ги играчите кон содржини како никогаш порано.


Растејќи во Њујорк, тој бил опкружен со карактеристични луѓе и околини, па од сето тоа влијание успеал да открие многу епски приказни во неговите изработки, на негов специфичен начин.


Рубино успешно успеал да ги спои своите две најголеми страсти, гејмингот и режирањето. Без разлика дали е во фаза на снимање и режирање на движења на сет, дел од камера-тимот, или е во студио во фазата на развој на некој проект, тој целосно се внесува во процесот.



Тој на M3Conference ќе зборува за тоа како станал раскажувач и осмислувач на приказни, при што ќе вклучи сцени и процеси на креирање на многу познати видео игри како Max Payne 3, Grand Theft Auto V, Red Dead Redemption 2, Assassin's Creed Odyssey и многу повеќе.


Исто така ќе го сподели своето искуство и мислење за тековната состојба на storytelling во видео игри.

Тема што ќе биде вклучена е и „Иднината на индустријата и технологијата што ќе треба да ги поврземе со идниот гејмер“



Рубино никогаш не ја прекинува својата посветеност кон публиката и никогаш не ги заборава за него личните причини поради кои навлегол и ја започнал својата кариера во оваа гејминг индустрија. Тој цели кон дефинирање на иднината на кинематиката и storytelling-от за следната ,,Златна Доба” на игрите.



Дојдете и придружете се на M3Conference на 20/21/22 Март 2020. Early-bird карти можете да купите на следниот линк. Facebook настанот можете да го најдете тука.

bottom of page