
Вториот дел од NFT колекцијата ,,Изгубените мали астронаути" е со темна, мистична, вселенска атмосфера.
Lost Little Astronauts : Biome Gemland е втората 3D креирана околина, за која инспирацијата произлегува од Аметист кристалите.
Амбиентот кој требаше да се постигне е сфеткав и полн со бои. Голема улога имаше и ноќното небо, кое даде одлично осветлување у освежување на целата сцена.
Моделот на астронаутот овојпат ,,прошета" низ 3D моделираните објекти кои главно се состоеа од аметист камења. Наместо вегетација, со foliage алатката во Unreal Engine, сега беа наместени малечки камења по секаде на сцената.
Голем фактор за финалните рендери беше color grading, температурата и сите останати atmospherics својства. Покрај тоа специфино за сценава беше битен и bloom-от, кој одигра голема улога во добивање на тој блескав изглед.
Сакате и вие да научите како да изработувате вакви 3D креации, па дури и уникатни NFTs ?
Станете дел од Академската година во М3ДС Академијата.
