
Долго најавуваната M3Conference - конференција за компјутерска графика и анимација, за жал оваа година не можеше да се одржи на предвидените датуми и беше одложена заради светската пандемија од корона вирусот. Но, тоа не не' сопира да продолжиме со нашата работа и истата да ја направиме БЕСПЛАТНА и достапна ОНЛАЈН за СИТЕ! Првиот спикер ќе биде Laurens Corijn, технички артист, 3D & Immersive во Adobe, кој ќе зборува за целосниот pipeline за текстурирање во SUBSTANCE.
Тој во живо ќе се вклучи на стримот на М3ДС Академијата, утре (23 Март 2020) во 18:00 часот. Неговиот говор проследете го на www.twitch.tv/m3ds_academy
Годината ни почна тешко, но никогаш не е доцна да работиме на себеси и да се надградуваме!
#СедетеДома и следете ја едукативната #M3Conference со светските врвни експерти онлајн!