M3DS и Vertigo ќе креираат специјализиран кадар за работа на светски холивудски филмови

М3ДС Академијата за 3Д и гејм дизајн и Vertigo Visual, студио за визуелни ефекти и 3Д анимација, ќе остварат меѓусебна соработка во полето на визуелните ефекти и 3Д анимација, преку едукација и стручни обуки организирани од страна на кадарот на Vertigo Visual, со што студентите на М3ДС ќе имаат можност да се стекнат со практични знаења и искуства од областа на визуелните ефекти и 3Д анимацијата..

Студентите кои најмногу ќе се истакнат и ќе покажат континуирано знаење и интерес за наведените области, ќе добијат шанса за вработување во Vertigo, а со тоа и исклучителна можност да бидат дел од тимот кој работи на светските Холивудски филмски проекти.


Vertigo Visual е студио за визуелни ефекти и 3Д анимација од Скопје, кое од 2005 година ги трансформира неверојатните идеи во визуелни решенија за светската филмска и рекламна индустрија преку користење на имагинацијата, технологијата и пасијата.

Тимот на Vertigo Visual со состои од професионалци и експерти кои поседуваат вештини, искуство, знаење и алатки за справување со најкомплексните предизвици. Поради сложеноста на проектите со кои секојдневно се соочуваат, тимот на Vertigo Visual постојано се стреми да креира сопствени алатки кои ќе ја зголемат продуктивноста и ефикасноста на работењето, преку професионален пристап на секој проект во кој се инволвирани.


Vertigo Visual има богатата историја на работење на светски филмски проекти меѓу кои се: Man In Black: International (2019), Black Panther (2018), Aquaman (2018), Deadpool 2 (2018), Tomb Raider (2018), Justice League (2017), Thor:Ragnarok (2017), Spiderman: Homecoming (2017), Okja (2017), King Arthur: Legend of the Sword (2017), Doctor Strange (2016), Captain America: Civil War (2016), Avengers – Age of Ultron (2015), San Andreas (2015),Transformers: Age of Extinction (2015),The Maze Runner (2014), Invictus (2009),Twilight (2008) и многу други.

© All rights reserved to Marvel Studios

M3DS Academy

FOR 3D AND GAME DESIGN

Address  Ljubljanska 5, Skopje 1000

Tel: +38977820335

Email: m3dsanimation@gmail.com

  • White Facebook Icon
  • White Instagram Icon
  • 16-512
  • White YouTube Icon
GET IN TOUCH

Copyright M3DS Academy 2018 | All Rights Reserved